Славниот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо ќе мора на суд да ја докаже својата невиност во однос на обвинувањата дека ја силувал Кетрин Мајорга.

Како што објавуваат американските медиуми, судот во Лас Вегас не го прифатил барањето на Роналдо за отфрлање на случајот, што значи дека тој ќе мора да се соочи со Кетрин на суд.


Мајорга ја шокираше јавноста со тврдењето дека Роналдо ја силувал во хотелска соба во 2009 година, а потоа ја принудил да потпише договор со кој се обврзала да молчи во замена за 375.000 американски долари.

Кристијано му платил на лицето кое го тужеше 375.000 долари во замена за потпишување договор за доверливост за овој случај да не стигне до медиумите – се вели во претходно објавените судски документи.


Мајорга, сепак, го сменила ставот и сега вели дека не била во можност правилно да расудува во моментот кога го потпишала договорот, што го прави практично неважечки.

Таа вели дека сака да правдата победи и целиот случај да излезе на виделина .


Роналдо претходно изјави дека силувањето е „ужасно злосторство што е против сè во што тој верува“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.