Кристијано Роналдо ќе го следи примерот на неговиот агент Жорге Мендеш и ќе се вклучи во хуманитарната акција за помош на португалските болници.

Човекот кој се грижи за кариерата на фудбалерот веќе донирал медицинска опрема за болница во Порто, а купил околу 50.000 маски и ракавици. Сега португалските медиуми објавуваат дека во акцијата се вклучува и Кристијано Роналдо, како и уште неколку други големи фудбалски ѕвезди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.