Португалскиот напаѓач Кристиано Роналдо застана во одбрана на стоперот на Наполи, Калид Кулубали после вчерашниот натпревар помеѓу Интер и Наполи.

Кулибали вчера беше навредуван на расна основа од страна на навивачите на Интер, а тренерот на Наполи, Карло Анчелоти порача дека ќе го прекине натпреварот ако нешто такво се повтори.

Ова секако е убав гест од страна на Роналдо кој и претходно знаеше да пружи поддршка на своите колеги кои се наоѓале во слична ситуација како и Кулибали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.