Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ го објави списокот со најплатени играчи во Серија А. Покрај напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, во осумте најплатени, седум играчи се од Јувентус.

Првото место, како што се очекуваше, го зазема напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој добива 31 милион евра годишно. Втор е неговиот соиграч Матиас де Лихт со осум милиони, додека Лукаку од Интер е на третата позиција со 7,5 милиони евра.

По нив следуваат петмина играчи на Јувентус: Гонзало Игуаин (7,5 мил. евра), Пауло Дибала (7,5 мил.), Адриен Рабио (7 мил.), Арон Ремзи (7 мил.) и Миралем Пјаниќ (6,5 мил.).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.