Бодрењето на македонската репрезентација на Европското првенство во јуни ќе биде речиси невозможно откако УЕФА објави нов планови за навиачите.

Бидејќи Македонија е во земјите со висок ризик романските власти воведоа за македонските државјани да заминат во 14-дневен карантин, пред да добијат дозвола да се појават на стадионот. Периодот на самоизолација може да биде намален на десет дена, ако се добие негативен ПЦР-тест направен на осмиот ден од карантинот.

Доколку патувате со негативен ПЦР-тест, направен најмалку 72 часа пред влез во Романија, карантинот за секој македонски навивач ќе трае десет дена. Сите информации за деталите и протоколите кои се следат во Романија може да ги најдете на следниот ЛИНК.

Што се однесува на Амстердам, надлежните органи во Холандија поставија забрана за лица од држави кои не се дел на Европската унија. Тоа значи дека против „лалињата“ нашите репрезентативци ќе имаат помала поддршка од трибините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.