Екипата на Рома минатата сезона мака мачеше на голманската позиција со Олсен и Миранте, а по се изгледа следната недела ќе ангажираат нов чувар на мрежата кој ќе ги реши проблемите на „волчицата“. Како што јавуаат медиумите, голманот на Бетис, Пау Лопез е пред потпис со тимот од Рим.

Имено, италијанскиот „Калчомеркато“ пишува дека трансферот на одличниот голман е договорен и дека тој во понеделник ќе пристигне во Рим на лекарски прегледи. Споменатите најави ги потврдува и „Скај Спорт Италија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.