Екипата на Рома синоќа беше понижена на гостувањето кај Фиорентина и претрпе болен пораз од 7-1. „Виолетовите“ ја продолжија одличната серија и со фантастична игра стигнаа до убедливата победа по која тренерот на Рома мораше и да им се извини на навивачите.

Киеза стрелаше два пати за домаќините во првиот дел, по што Коларов намали на 2-1, за одличниот Муриел да и обезбеди водство од два гола на Фиорентина на полувреме.

Во вториот дел домаќините продолжија со доминацијата, па со головите на Бенари и Киеза почна да се насетува катастрофата за Рома. Босанскиот напаѓач, Един Џеко, нервозен поради ситуацијата на теренот, по една судиска одлука реагираше неспортски и два пати го плукна судијата Џанлука Манџаниело која веднаш му покажа црвен картон.

Конечните 7-1 за Фиорентина ги обезбеди Џовани Симеоне кој иако влезе финишот на мечот, за 20-тина минути успеа да постигне два гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.