Фудбалерите на Рома вчера остварија тешка, но важна победа против Џенова, а гостите на еден неверојатно среќен начин дојдоа до предност на синоќешниот дуел на Олимпико.

Оскар Хилјемар шутираше во 17-та минута од натпреварот, Олсен се обиде да ја фати топката, но таа мина низ рацете и нозете на голманот на Рома и Пјатек ја смести во голот за 1-0. Рома на крај триумфираше со 3-2, а швадскиот голман сигурно ќе сака што поскоро да ја заборави оваа грешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.