Договорот на ветеранот Арјен Робен со Баерн Минхен истекува на крајот на оваа сезона, а деновиве се погласни се шпекулациите дека тој на лето ќе го промени клубот. Како најзаинтересиран за неговите услуги се споменува милански Интер кој ќе се обиде да го ангажира без обесштетување.

Многу сум горд и среќен што добив понуди. Во последните неколку седмици многу работи се случуваат. Мојот татко кој е и мој менаџер, има многу работа. Но, убаво е да се слушне дека има заинтересирани клубови, изјавил Робен и додал:

За мене сè е отворено, се уште чекам. Сакам повторно да бидам целосно подготвен и да се вратам во тимот. Се уште не знам кога, но секако дека ќе морам да донесам одлука. Нема да чекам до крајот на сезоната затоа што имам семејство и мора да планирам однапред, додал тој.

Покрај Робен, Интер ќе се обиде да стигне уште едно бесплатно засилување, стоперот на Атлетико Мадрид, Диего Годин кој исто така е во последните месеци од договорот со Атлетико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.