„Македонија со високо кренати глави си заминува. Честитки за Португалија, но ова беше авантура во која никој не веруваше и јас сум горд сум на овој тим, на оваа екипа, зашто го шокиравме светот. Сега треба да продолжиме да работиме и да веруваме“.

Ова го истакна капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски.

-Кога играте против вака големи тимови, не смеете да погрешите. Со играчи како Бруно Фернандеш и Роналдо не смеете да потфрлите, но тоа се случи и Португалија искусно го искористи. Дадовме сè од себе за да израмниме, но примивме уште еден гол, истакна тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.