Стефан Ристовски, македонскиот репрезентативец и десниот бек на Динамо Загреб во објава на социјалните мрежи јавно му се заблагодари на досегашниот селектор Игор Ангеловски за сето она што го стори за македонскиот национален тим и за самите фудбалери.

„Шефе наш, ми текнува со вашето доаѓање на чело на селекторската функција на првиот состанок кога го одржавме ни се обрати со следново… Дечки мојата цел е ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО… Си кажав… што збори човеков…

Но вие и ние тоа го остваривме… ЕУРО 2020.

Фала ти што не обедини да се чувствуваме како едно големо семејство.

Фала што верувавте во нас дека имаме и ние квалитет да играме на едно вакво големо натпреварување.

Фала што ја обединивте цела Македонија да се чувствува горда на овој голем успех.

И фала што ни овозможи да се чувствуваме горди Македонци“, напиша Ристовски, под заедничката фотографија со Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.