Освен легендарната двојка на Баерн М., Франк Рибери и Арјен Робен кои ова лето ќе го напуштат тимот, истото ќе го направи и Бразилецот, Рафиња.

Тој во Баерн стигна во 2011 и со „баварците“ освои 16 трофеи. Бекот за најтрофејниот германски клуб одигра вкупно 266 натпревари.

Емотивната прес конференција за разделба од Баерн ги расплака колегите, а најмногу се натажи Франк Рибери, кој не можеше да ги задржи солзите додека Рафиња зборуваше пред полната конференциска сала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.