Македонија повторно е во центарот на вниманието во Европа но не за убаво. Доаѓањето на Тотенхем кој требаше да биде празник се претвори во исмејување поради неспособноста на надлежните од Градскиот стадион и на Јавното претпријатие со стамбен и деловен простор.

На загревањето пред мечот голманите Харт и Лорис се исрпужиле со прстите  кон пречката како што вообичаено прават и забележале дека таа е пониска. Го повикале и „специјалниот“ Мурињо и тој видел дека „пораснал“.

Веднаш го алармирал делегатот кој наредил да се измери висината на голот и таа била за десет сантиметри понизок од пропишаните 2 метри  и 44 сантиметри.

Настанала општа паника бидејќи постоела можност мечот да се одложи па се обидел да ја подигнат основата на стативата за голот да се израмни. Но, и тоа не помогнало па набрзина морале да донесат нов гол.

Голманите ми кажаа дека еден од головите е помал и навистина беше. Го информиравме директорот и по мерењето на лицето од УЕФА дека е пократок за десетина сантиметри. Сакавме да се промени и баравме да се донесе гол со вистинска димензија што и се направи – објасни Мурињо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.