Оваа недела Букурешт дефинитивно е македонски град. Во романската престолнина сè е во знакот на македонската репрезентација.

Околу 5.000 фанови дојдени од сите градови денеска од 15 часот ќе ја бодрат репрезентацијата на решавачкиот меч против Украина. Победа нè носи во втората фаза што би било огромен успех.

Фановите загревањето за мечот го започнаа уште синоќа во Стариот дел на градот кој е претворен во македонска зона.

Во секој паб имаше наши навивачи и се слуша „Никогаш Северна, само Македонија“, „Едно име имаме“…

Тука се и украинските навивачи, иако во помал број. Но, меѓу нашите и украинските навивачи не постои никаква нетрпеливост. Напротив, тие заедно пееја, се фотографираа, менуваа дресови, а најмногу ги обедини доброто романско пиво „Чук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.