Во Скопје владее вистинска еуфорија со доаѓањето на Тотенхем иако тоа е завиено со доза на мистериозност.

Екипата на Жозе Мурињо е сместена во хотелот Хилтон и до утрешниот меч речиси нема и да излегува од него.

Немаат тренинг ниту, пак, прес конференција и тимот практично директно од хотелот ќе дојде на стадион и веднаш потоа си заминува за Лондон. Тие имаат и полициска придружба за време на целиот престој.

„Република“ имаше ексклузивна можност да ѕирне во редовите на Тотенхем и тоа преку голманот Уго Лорис. Тој во Скопје дојде со дрес потпишан од Кејн, Деле Али, Сон, Бејл и секако од Мурињо.

Погледнете како изгледа. Вреди вистинско злато.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.