Шпанскиот второлигаш, Рајо Валјекано потврди дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имал позитивен тест на КОВИД-19.

Во одлична кондиција сум и ги почитувам протоколите во домашен карантин. Ви благодарам на сите за поддршката и се гледаме наскоро на терен, се огласи Димитриевски.

Тој сега во изолација ќе помине неколку дена пред повторно да биде тестиран.

Фудбалерите на Рајо биле тестирани во вторникот при враќањето на тренинзи, како и во сите други шпански тимови, кои имаа поголем број на позитивни резултати. Според клубот, тој се наоѓа во добро здравје и ги почитува деталните упатства за самоизолација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.