Селекторот Благоја Милевски на вчерашниот прес изјави дека неговите фудбалери не можеле нормално да го одработат тренингот поради замрзнатиот терен на Фарски Острови, а ова попладне пристигна официјална информација дека натпреварот од квалификациите за Европското првенство сепак нема да се одигра.

Поради катастрофалните услови на стадионот во Торшавн, одговорните луѓе проценија дека нема никакви шанси да се одигра мечот кој требаше да биде на програмата денеска, па така, овој квалификациски меч се одложува за наредната година, или поточно за месец јуни.

На овој начин, македонската фудбалска селекција до 21 година ја завршува годината како третопласирана селекција во својата група, пред новите предизвици во 2020-та година кога Македонија ќе игра против Израел во месец март.

извор: Дерби.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.