УЕФА од летово ќе страртува со ново, трето клубско натпреварување наречено „конференциска лига“.Станува збор за најслабо натпреварување со скромни парични премии.

Во него ќе учествуваат сите македонски екипи што ќе обезбедат пласман во европските купови , освен шампионот кој и натаму ќе учествува во европските купови.

Првото финале во новоформираната Конференциска лига да се игра во Тирана, престолнината на соседна Албанија на новиот стадион „Ер Албанија“. Групите со 32 екипи ќе се пополнат со 17 победници низ квалификацискиот циклус во главната фаза (екипите што ќе играат од првото коло), пет ќе бидат од „шампионската група“ во циклусот (елиминираните прваци во првото коло во квалификациите за ЛШ), а десет тима ќе дојдат од плејофот во Лига Европа, т.е. елиминираните екипи од второто по ранг натпреварување. Ќе има четири квалификациски филтери, првото коло на 8 и 15 јули, второто на 22 и 29 јули, третото на 5 и 12 август, а плејофот на 19 и 26 авгус

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.