Реал Мадрид изрази незадоволство од календарот за следните кола од фудбалскиот шампионат на Шпанија, пренесува „АС“. Клубот смета дека распоредот на натпревари во 33. и 34. коло е неправеден.

„Кралевите“ протестираат поради фактот дека тимот ќе има 56 часа помалку за да се одмори од Барселона, односно 62 часа за Мадрид, а 118 за Каталонците.

Во 33-то коло, Барселона ќе игра против Атлетико на 30 јуни, а Реал со Хетафе на 2 јули.

Во 34-то коло, Реал ќе гостува кај Атлетик, попладнето на 5 јули, а Барселона ќе се сретне со Виљареал доцна во вечерните часови истиот ден.

Реал Мадрид е лидаер на табелата пред Барселона. Двете екипи имаат по 65 бода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.