Светскиот и европски клупски шампион, Реал Мадрид подготвува понуда за „новиот Кристијано Роналдо“, 19-годишниот талент Диого Жота од Бенфика, соопштува „АС“. Жота стана прв стрелец и придонесе за европската титула на Португалија за играчи до 19 години минатата година.

„Орлите“ од Лисабон веќе одбиле понуда од 18 милиони евра за талентот, во чиј договор до летото 2022 година има клаузула за откуп вредна 26 милиони евра. Сепак, Бенфика сака да го продолжи договорот и да ја подигне клаузулата на 120 милиони евра.

Жота во моментов настапува како позајмен фудбалер во екипата на Волвс, каде бележи одлични настапи под водство на Португалецот, Нуно Еспириото Санто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.