Фудбалерите на Реал Мадрид по трет пат едноподруго ја освоија титулата светски клупски првак со убедливата победа над Ал-Аин со 4-1.

Првиот гол го постигна Лука Модриќ веќе во 14 минута. По речиси еден час игра, одбраната на домаќинот од Абу Даби капитулираше по втор пат кога со шут од 20-тина метри Маркос Љоренте погоди за 2-0.

Сергио Рамос го постигна третиот гол во 79 минута, по што на 3-1 намали Цукас Шиотани. Конечниот резултат и убедливата победа на Реал да ja потврди Јахја Надер со автогол во 91 минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.