По заминувањето на Кристијано Роналдо и разочарувачката сезона, Реал Мадрид летово ќе прави голема реконструкција на тимот, а веќе неколку големи имиња се поврзуваат со трансфер на „Бернабе“.

Англиските медиуми тврдат дека во Мадрид на лето ќе се пресели ѕвездата на Челси, Еден Азар, а сега се појави информација дека неговите стапки може да ги следи и ѕвездата на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Со оглед на тоа што е речиси сигурно дека Бејл ќе го напушти Реал, на Зидан ќе му биде потребен уште еден крилен напаѓач, а наводно одлуката паднала на Обамејанг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.