Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го искажа своето видување за синоќешниот натпреварот против Реал Мадрид (0:1) во Лигата на шампионите.

Миланскиот клуб прими гол во 89. минута.

– Моравме да бидеме внимателни, имаше само уште една минута до крајот на натпреварот. Побарав од моите фудбалери да покажат карактер и храброст и тоа го направија. Но, голманот на противникот (Куртоа) не спречи, беше тешко да го совладаме. Штета што загубивме, играчите го дадоа максимумот. Во натпреварите против таквите тимови, не смее да се загуби концентрацијата, но сигурен сум дека ако продолжиме да играме вака, ќе стигнеме до плејофот. За овој меч ќе кажам дека ќе бев  незадоволен дури и со нерешен резултат. Игравме добро, заклучи Инзаги.

На другиот дуел во Д-групата од 1. коло во Лигата на шампионите, Шериф Тирасол го победи Шахтјор со 2:0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.