Реал Мадрид вечерва во натпревар од 28. коло од шампионатот на Шпанија го совлада Еибар со резултат 3:1.

Головите за домаќините ги постигнаа Тони Крос, Серхио Рамос и Марсело, за гостите погоди Педро Бигас.

Овој натпревар беше прв за екипите по продолжувањето на сезоната, суспендирана поради пандемијата на коронавирус.

Мадридскиот клуб своите натпревари како домаќин ги игра на натпревари во клупската база, бидејќи „Сантијаго Бернабеу“ се реновира.

Средбите во Ла Лига се играат без публика.

По оваа средба, Реал со 59 бода е на второто место на табелата, додека Еибар со 27 поени е 16-ти. Лидер е Барселона со 61 бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.