Реал Мадрид вчера, на изненадување на фудбалската јавност потврди дека Зинедин Зидан повторно ќе биде тренер на „кралскиот клуб“. Солари е веќе поранешен тренер, а Зидан ставил потпис на нов договор до 2022-ра година.

Многу сум среќен што се вратив тука. Верувам дека ова е посебен ден за сите. Моја цел ќе биде да го вратам клубот таму каде што му е местото. Навистина прекрасно е чувството и морам да кажам дека одговорноста е многу голема, изјави Зинедин Зидан и додаде:

Првото што го помислив кога ми се јави Перез е дека ќе се вратам назад. Во последните девет месеци бев во Мадрид и ги полнев батериите. Сега сум подготвен за нови предизвици со клубот кој што го сакам. Не морам да враќам никакви долгови, затоа што на клубот не му должам ништо. Тука сум затоа што сакам да бидам, истакнал легендарниот Французин на прес конференцијата за неговото претставување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.