На натпреварот од 18. коло во шпанската Примера, Реал Мадрид не само што загуби бодови по поразот од Реал Сосиед (0:2) туку загуби и голема сума на пари од непродадени влезници.

На „Сантијаго Бернабеу“ присуствуваа 53.412 луѓе со платен билет што е втор најлош резултат оваа сезона по посетеност, по августовскиот натпревар од првото коло против Хетафе кога присуствуваа 48.446 гледачи.

На вечерашниот натпревар имаше околу 30 илјади празни места, што во финансиска смисла значи загуба за „кралскиот клуб“ од околу два милиони евра.

Реал не може да собере 60 илјади фанови на последните четири домашни натпревари. Просечната посетеност оваа сезона е 63.747, што е две илјади помалку од минатата година. Стадион “Сантијаго Бернабеу” има капацитет од околу 81 илјади гледачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.