Четворица играчи наскоро ќе ја сменат клупската средина и нема да бидат фудбалери на Реал Мадрид. Според весникот „Ас“, клубот е во напредна фаза на преговори за излезни трансфери за Лукас Васкез, Дани Себаљос, Мартин Одегард и Борха Мајорал.

Најблиску до излезната врата е Васкез, а за него има интерес од Арсенал, ПСЖ и Баерн, кои се подготвени да ја платат бараната цена – 32 милиони евра, плус уште 3 милиони евра во вид на бонуси.

Повторно кон северен Лондон, но во Тотенхем, би можел да замине Себаљос за кој преговорите се во напредна фаза и се очекува да завршат во почетокот на следната недела. Се уште не е познат износот за кој „петлите“ ќе го ангажираат.

Што се однесува до Одегард и Мајорал, тие се очекува да преминат во Реал Сосиедад.

Од Реал веќе заминаат тројца фудбалери, и тоа Матео Ковачиќ, кој премина во Челзи за 45 милиони евра, Маркос Љоренте, кој отиде кај Атлетико за 30 милиони евра, како и Раул де Томас, кој потпиша со Бенфика за 20 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.