Зинедин Зидан во понеделникот го почна својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид, а клубот денеска објави дека го договорил првото засилување за наредната сезона. Дефанзивецот на Порто, Едер Милитао (23), летово ќе стане член на Реал.

Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе остане до 2025 година.

Сумата што Реал ќе ја плати за Милитао не е позната, нo медиумите пишуваат дека „кралскиот клуб“ ќе ја исплати откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 50 милиони евра.

Милитао во Порто пристигна од Сао Пауло. Тој ја минал фудбалската академија на овој клуб, а Порто за него плати околу 8 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.