По поразот во Купот во средата од вечниот ривал Барселона (0-3), Реал Мадрид вечерва повторно ќе го угости истиот противник, овој пат во Ла Лига, а „кралевите“ имаат сериозни проблеми во одбраната пред овој меч. „Марка“ пишува дека капитенот на Реал, Серхио Рамос е неизвесен за вечерашното „Ел Класико“ поради повреда.

Дефанзивецот би можел да ја пропушти Барселона како последица од судирот со соиграчот Касемиро во средата. Тој судир за Рамос отвори стари проблеми со коленото, а медицинскиот тим неколку часа во пресрет на вечерашниот меч ќе одлучи дали Рамос ќе заигра.

Овааа ситуација го доведува тренерот Солари во незавидна ситуација и му отвора огромни проблеми во одбраната. Повреден е Начо, суспендиран е Рафаел Варан, така што Рамос и 22 – годишниот Хесус Ваљехо се единствените преостанати стопери кои „кралевите“ ги имаат на располагање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.