РБ Лајпциг го освои четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (2-1) во Лисабон со што се пласираше во полуфиналето на елитното европско натпреварување за прв пат во историјата на клубот.

Шпанскиот играч од средниот ред Дани Олмо му донесе предност на германскиот тим во 51. минута, додека Жоао Феликс постигна пенал за израмнување за екипата на Диего Симеоне во 71. минута. Ударот на Тајлер Адамс од шеснаесетникот обезбеди победа за избраниците на Џулијан Нагелсман во 88-та минута.

РБ Лајпциг ќе се соочи со Пари Сен Жермен во полуфиналето следната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.