На вчерашниот натпревар од италијанската Серија А одигран во Џенова, навивачи на Рома упатија навреди на расна основа кон фудбалерот на Сампдорија, Роналдо Виеира. Судијата Фабио Мареска го забележа непримерното однесување на гостинските навивачи, но немаше официјална опомена на стадионот.

По завршувањето на натпреварот, Рома преку Твитер се извини за однесувањето на навивачите и искажа целосна поддршка кон бескомпромисната борба против расизмот. Клубот од Рим исто така изрази уверување дека предизвикувачите на инцидентот ќе бидат идентификувани и казнети.

Ова не е прв инцидент со расистичко однесување на навивачите оваа сезона. Претходно, на расна основа беа навредувани Ромелу Лукаку, Френк Кеси и Далберт Енрике.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.