Играчите во Англија ќе бидат суспендирани од шест до 12 натпревари поради дискриминација, се новите упатства на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

ФА изјави дека постои флексибилност да се издадат суспензии за помалку од шест натпревари, доколку дискриминацијата се случила на социјалните мрежи или ако има одредени олеснителни фактори.

Дисциплински случаи може да се покренат доколку инцидентот се случил во приватно опкружување или надвор од фудбалот.

Исто така, воведено е ново правило за ограничување на буџетот за платите на играчите во третиот и четвртиот ред на англискиот фудбал.

Буџетот за плати во третиот ранг ќе биде 2,5 милиони фунти, а во четвртиот еден милион помалку

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.