Натреварот од Купот на Србија помеѓу Трепча од Митровица и Црвена Ѕвезда нема да се одигра откако косовските власти му забранија на српскиот тима да влезе на територијата на Косово.

Фудбалерите на Звезда уште вчера пристигнаа во Нови Пазар и чекаа дозвола од властите во Приштина. Откако не ја добија се упатија кон граничниот премин Јарине каде беа запрени од косовската полиција.

За натпреварот кој требаше да се одигра во Звечани владееше големо интересирање кај Србите на Косово.

Натпреварот во рамките на купот на Србија требаше да се одигра денеска во 15 часот, меѓутоа претходно тој беше забранет од Фудбалската федерација на Косово (ФФК).

Информацијата за одложувањето на натпреварот во изјава за медиумите на српски јазик во Косово ја потврди и директорот на фудбалскиот клуб Трепча, Бојан Јакшиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.