Манчестер Јунајтед сериозно ги разгледува опциите во случај на разделба со Жозе Мурињо. И покрај барањата на навивачите да биде сменет заради недопадливиот фудбал кој го негува, изгледа дека Португалецот ќе го води клубот од „Олд Трафорд“ до крајот од сезоната.

Според пишувањата на британските медиуми, Манчестер јуанјтед сака да го ангажира менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино. Но, Аргентинецот во 2016 веќе го одби Јунајтед, а не е тајна ниту дека за него е заинтересиран и Реал Мадрид. Сепак од „театарот на соништата“ сметаат дека имаат начин да го привлечат Покетино.

Што се однесува до Мурињо, ако Јунајтед не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, клубот ќе ја активира клаузулта според која ќе треба да му исплати многу помала отштета во случај на отказ во јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.