Шпанецот Рафа Бенитез официјално стана тренер на кинескиот клуб Далијан Јифанг. Тој неодамна го напушти Њукасл по завршувањето на неговиот договор кој и покрај преговорите со раководството, не беше продолжен.

По долго време се соочувам со нов предизвик. Среќен сум што ќе го започнам овој проект, рекол Бенитез на неговото претставување.

Челниците на Далијан го направија Бенитез еден од најплатените тренери во светот. Шпанецот ќе работи за годишна плата од 12 милиони евра која е двојно поголема од сумата која ја заработуваше во Њукасл.

Далијан во моментов се наоѓа на 10 место во Суперлигата на Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.