ПСЖ ја доби судската битка со УЕФА во процесот за непочитување финансиски ферплеј. Арбитражниот окружен суд пресуди во корист на францускиот клуб во судскиот процес со УЕФА.

ПСЖ беа под истрага за непочитување финансиски фер-плеј, но по денешната одлука процедурата е прекината и одлуката на Спортскиот арбитражен суд е конечна и не подлежи на обжалување.

Во јули лани УЕФА ja запре истрагата, но подоцна по наредба на претседателот на Комисија за финансиска контрола во европската фудбалска централа процесот беше обновен. На крајот тоа заврши во корист на францускиот гигант.

ПСЖ се жалеше во судот во Лозана, тврдејќи дека УЕФА ги прекршила сопствените правила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.