Елитното европско фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите вечерва се враќа на програмата и тоа со дерби пресметка на богатиот париски клуб Пари Сен Жермен и Манчестер јунајтед.

Кога беше објавена ждрепката за осминафиналето во декември, на трикратните европски шампиони Јунајтед никој не им даваше шанси за пласман понатаму, посебно по ужасната домашна форма под Жозе Мурињо од една страна и доминацијата на ПСЖ во домашното првенство. Но, сега, два месеци подоцна, проблемите се кај гостите.

Оле Гунар Солксјер успеа да го „препороди“ Јунајтед, победувајќи во 10 од своите први 11 натпревари.

Се поставивме во позиција да си дадеме вистинска шанса по формата пред овој натпревар. Самоуверени сме и изгледаме како тим. Ако имаше совршено време за голем натпревар, тоа е сега. Мислам дека мојот тим е способен да победи било кој противник. Кога работиме напорно, работиме, кога тренираме лесно, се концентрираме. Можеме да изненадиме, изјави Солскјер.

ПСЖ од друга страна има сериозни проблеми со составот бидејќи тренерот Тухел доаѓа на „театарот на соништата“ без повредените Нејмар и Единсон Кавани и ќе мора да се потпре само на сензационалниот Килијан Мбапе во нападот.

Во сенка на оваа пресметка, вечерва на „Олимпико“ Рома ќе се обиде да ја надмине кризата во против незгодниот Порто да направи предност пред тешкото гостување во Португалија.

Манчестер јунајтед – Пари Сен-Жермен 21.00 ч.

Рома – Порто 21.00 ч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.