Пари Сен Жермен не ја одбиле само Барселона за трансферот на Нејмар, а исто поминал и Јувентус, тврди британскиот сервис Би-би-си. Според изворот, Јувентус за Бразилецот понудил 100 милиони евра и Пауло Дибала чија вредност на пазарот се проценува околу 85 милиони евра.

Челниците на ПСЖ биле задоволни што во пакетот Јувентус го нудат Дибала, но не биле задоволни од паричната оштета за која сметале дека е прениска.

Математиката на челниците на ПСЖ во „случајот Нејмар“ била јасна, да се инкасираат најмалку 222 милиони евра, колку што клубот во 2017 година и плати на Барселона за Бразилецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.