Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од денес официјално е второлигаш. Кобен за „црвено-црните“ беше поразот на гости кај Струга Трим Љум (1-0) и тимот нема шанси да го напушти тоа претпоследно место кое носи ранг подолу.

Многумина како да го чекаа денот кога Вардар ќе испадне од лигата, знаејќи ја неговата ситуација и финансиска криза. На пропста на вардарци се израдуваа и во Тетово, од каде навивачите на Шкендија, популарните „Балисти“, испратија провокација до ривалот.

На патот кон Скопје, автобусот на Вардар го дочека парола на автопатот. „Честито Втора лига“, гласеше паролата која заедно со пиротехника ја истакнаа навивачите на тетовскиот клуб, кој се врати на шампионскиот трон.

Зад Вардар, кој беше приморан да игра со тинејџери и само неколку искусни играчи во тимот, остана една тешка сезона, а сигурно е дека следната ќе биде уште потешка, во второлигашкиот ранг во западната лига.

извор: Гол.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.