Иако имаше разговори и преговори, иако Челзи го посакуваше во своите редови и понуди добра цена, сепак Преснел Кимпембе, дефанзивецот на ПСЖ ќе остане на “Паркот на принцовите“. Имено како што јавуваат медиумите во Франција и Англија, транфсрот пропаднал па така дефанзивецот и натаму ќе биде дел од составот на ПСЖ.

Се очекува и во оваа сезона Преснел Кимпембе да биде главен фактор во тимот на ПСЖ, тим кој вечерва на гости кај Клермон ја стартува новата сезона во Лига 1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.