Проблемите со повредените играчи на Манчестер Јунајтед продолжуваат, a уште еден играч кој влегува во „амбулантата“ на тимот е Џеси Лингард. Дваесет и шест-годишниот Англичанец влезе во игра како замена на мечот со АЗ Алкмар (0-0) во Лигата на Европа, но набргу потоа сигнализираше дека е повреден и дека не може да продолжи, па „црвените ѓаволи“ мораа да го доиграат мечот со 10 играчи.

Ова е уште еден проблем за менаџерот Оле Гунар Солскјер, кој не може да смета на Антони Марсијал и Пол Погба.

„Црвените ѓаволи“ се соочуваат со сериозни проблеми во нападот уште од почетокот на сезоната. Пример за ова беше вчерашната средба со АЗ Алкмар, во која тимот не успеа да упати ниту еден прецизен удар кон голот на противникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.