Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос го повреди мускулот на левата нога на натпреварот против Бетис и тој ќе биде надвор од терените некое време, објави шпанскиот шампион.

Не се наведува колку ќе паузира, но локалните медиуми јавуваат дека Германецот ќе биде надвор од терените две недели.

Тоа значи дека Крос нема да игра против Ваљадолид во среда и Леванте во недела, како и за Германија во октомврискиот репрезентативен термин.

Германија ќе одигра пријателски натпревар со Турција на 7 октомври, по што ќе следат натпревари во Лигата на нации против Украина и Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.