Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се соочува со проблеми со повредени играчи уште пред почетокот на сезоната. Тој нема да може да смета на левиот бек Ферлан Менди, кој се повреди на последните пријателски меч на на „кралевите“ и има проблем со бутниот мускул на десната нога.

Не е познато од каква природа е повредата и колку Менди ќе паузира, но неговата повредна доаѓа само неколку дена откако младиот Асенсио ги скина предниот вкрстен лигамент и ќе биде надвор од терените најмлаку 9 месеци.

Францускиот репрезентативец Менди на почетокот на преодниот рок пристигна во Реал за сума од 48 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.