Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо поради повреда ќе биде надвор од терените најмалку еден месец и нема да настапи на два дерби натпревари.

Шо се повреди на почетокот на дуелот против Кристал Палас, а по деталните прегледи било утврдено дека левиот бек на „Црвените Ѓаволи“ ќе мора да отсуствува од терените најмалку четири недели.

Иако Солскјер се надеваше дека ќе може да смета на неговите услуги веќе за дуелот против Саутемптон, сепак најверојатно Шо ќе ги пропушти дуелите против Лестер, Вест Хем, Арсенал, Њукасл и Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.