Огнен Врањеш на својот Инстаграм профил одговараше на прашања на фановите. Тие најмногу се интересираа за тоа зошто не игра за репрезентацијата на БИХ, за аферата со Карлеуша, но и за тоа зошто фудбалерите се глупи. На сето ова Врањеш имаше спремен одговор.

-Глупи се бидејќи 95 проценти од фудбалерите се облекуваат исто, возат исти автомобили, муваат исти девојки. Навистина има фудбалери кои не знаат да состават две реченици. Исто како и јас, цел живот играш фудбал и не си бил посветен на книгата. Гледаш како зборувам јас а како некој образуван. Тоа се два различни света-призна Огнен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.