Претседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) Славиша Кокеза, кој е приведен во рамки на истрагата против криминалната група на Вељко Беливук, одбил во текот на денот да биде подложен на полиграфско тестирање.

Агенцијата Танјуг, повикувајќи се на белградскиот весник „Вечерње новости“ пренесе дека Кокеза одбил да одговори на прашање дали учествувал во подготовка на атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ, но и на други споредни прашања.

Кокеза во истрагата истакнал дека инструкциите да одбие полиграфско тестирање ги добил од претседателот на второстепениот суд во Белград, Александар Степановиќ.

Српските медиуми претходно објавија дека Кокеза е приведен врз основа на оперативни сознанија и наводи што полицијата ги добила од белградскиот угостител Александар Кајмаковиќ. Тој при неодамнешното апсење изнесе сознанија околу криминалните активности на групата на Беливук, наведувајќи дека со него се знае благодарение на „долгогодишно познанство со Кокеза“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.