Вардаровите навивачи „Комити“ по последните информации за заминувањето на спонзорот Сегеј Самсоненко, порачаа дека крајно е време црвено-црната гордост да се тргне од политичките игри и измачувањето на клубот во овие скоро три децении, во кои најтрофејниот македонски клуб многу често “бил искористуван за туѓи интереси и политички игри”.

Целиот текст на вардаровите навивачи преку неколку фан-страници на социјалните мрежи во го пренесуваме во целост.

„Вардар ниту се родил со вас, ниту пак ќе умре без вас!

Вардар е Македонија, Вардар е граѓаните на Македонија, Вардар е црвено-црната армија која секогаш е со него, Вардар е нешто што не умира..

Затоа приказните и политичките игри кој ги внесовте во нашата светост, спакувајте ги и заедно со вас подалеку од Вардар!

Навидум го сакате Вардар, со вашите добро креирани политики човек за малку ќе се излаже и ќе поверува во ваша “добронаменост”, ама веќе не, доста е 29 години исто сценарио гледаме!

Го користите клубот за перење пари, зимање на проценти, бидлање на рејтинзи и што уште не..

Затоа еднаш засекогаш оставете го Вардар на граѓаните на оние на кои Вардар секогаш им бил повеќе од клуб, на оние на кои вистински им припаѓа и оние кои вистински го сакаат!

А Вардар бил надеж во најтешко, бил сполотеност кога сме немале никого, бил радост во моменти на тага, бил родител и учител, бил инспирација и мотивација..

Затоа Вардар живее поради нас, поради своите навивачи, затоа што со Вардар израснавме во луѓе и сеуште раснеме!

А Вардар со тоа е поголема партија од сите вас профитери заедно!

А го покажаа со своите прослави и тоа на два пати на плоштад во Скопје со масовност како двете најголеми политички партии заедно, луѓе дојдени за Вардар, без присила, без авотбуси, без сендвичи, само со срце и чиста љубов.

Затоа еднаш засекогаш оставете го клубот без политика и мачење!“, пишуваат навивачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.