Каталонскиот фудбалски гигант, Барселона е сериозно заинтересирана и уште во следните месеци ќе се обиде да го обезбеди потписот на српскиот фудбалер, Лука Јовиќ, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според весникот, Абидал и Планес веќе заминале за Лисабон за вечерва во живо да го гледаат српскиот репрезентативец во дуелот меѓу Португалија и Србија. Младиот Јовиќ инаку е фудбалер на Бенфика, кој во моментов е на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона во следниот период целосно ќе се фокусира на трансферите на Лука Јовиќ и Матијас де Лихт, поради што високи претставници на каталонскиот гигант вечерва ќе бидат во Лисабон.

Младиот српски напаѓач е проценет на околу 60 милиони евра. Покрај Барселона, сериозен интерес за ангажман на Јовиќ покажаа и Барен Минхен, ПСЖ , Манчестер Сити и уште неколку европски клубови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.