Дерби дуелите на турските фудбалски великани, Фенербахче и Галатасарај самите по себе се приказна, а доказ за тоа беше и последниот меѓусебен дуел, игран вечерва.

Галатасарај оствари голема победа на гостински терен со 1-3, а средбата на крајот заврши со три црвени картони, многу жолти и низа кратки прекини. Секако, сето тоа зачинето со многу предмети во теренот.


Но и по крајот на мечот страстите не се смирија, а навивачите на „жолто-црните“ од Истанбул својот гнев го искажаа кон претседателот на клубот, Али Јилдрим Коч.

Јилдрим Коч не им остана должен, па скокна од ВИП ложата каде што го следеше мечот и влезе на трибината со навивачите во обид да се пресмета. Веднаш интервенираше обезбедувањето и полицијата кое со крајни напори го изнесе од толпата навивачи.

sportclub.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.