Пеп Марија Бартомеу, претседателот на Барселона, одлучи да не поднесе оставка пред истекот на мандатот, иако е под притисок на лоши резултати и војната со Лионел Меси.

Бартомеу најави дека ќе го чека резултатот од гласањето за доверба на него и на бордот на директори, кој е закажан за 1 и 2 ноември, и сигурно е дека после тоа ќе мора да ја напушти функцијата претседател.

Шпанските медиуми, исто така, напишаа дека првиот човек на Барселона веќе се обратил до каталонската влада, барајќи да се одложи референдумот за недоверба поради пандемијата на коронавирус, а доколку одговорот биде негативен, Бартомеу би можел да го напушти клубот во понеделник.

Официјално, мандатот на Бартомеу трае до март следната година, кога треба да се одржат избори. Сепак, работите ескалираа во последната година, бидејќи тој и Ерик Абидал влегоа во отворен конфликт со играчи за многу прашања, вклучувајќи намалување на платите, а имаше и криза кога Лионел Меси објави дека сака да замине од клубот.Pre

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.